Катица Јанева екс шефица на згаснатото специјално јавно Обвинителство Катица Јанева не земала ниту денар во врска со случајот Рекет, тврди одбраната. Според одбраната целта е да се оцрни угледот на Јанева, и тоа во време кога ја чека одлуката на Апелација за Рекет.
Катица Јанева екс шеифата на СЈО ја тужи обвинителаката Вилма Русковска за клевета бидејќи како што тврди нејзината одбрана целта била да се оцрни нејзиниот углед во време кога ја чека одлуката на Апелација за Рекет.
Според одбраната на Јанева таа не земала ниту денар во случајот Рекет.
– Не добила пари за да го пушти Камчев од притвор, нити зела дополнителни пари како што ја обвини обвинителката Вилма Рускоска во декември лани, тврди одбраната
Рускоска денеска не дојде на судењето на кое Јанева за тужи за клевета и навреда а е поврзано токму со парите кои наводно ги земала поранешната шефица на СЈО. Во телефонски разговор не сакаше да го коментира овој случај. Кратко одговори дека секој има право да тужи за што сака и кога сака
Следното рочиште за овој случај продолжува на 21 јуни,а треба да сведочи обивнителката Ивана Трајчева и членови на државниот завод за ревизија.
Јанева е осудена на 7 години затвор за случајот Рекет. За истиот случај е осуден и Бојан Јовановски кој доби девет години затвор. За петнаесетина дена Апелација треба да одлучува дали ќе ги потврди затворските казни.