Брзо „лајкување“ на нечија порака или испраќање фотографии на групни е-разговори можеби не е нешто, но мали деца ќе се лутат и приговараат ако родителот постојано гледа во смартфон во нивно присуство.
Во американска студија е утврдена поврзнаост меѓу детското лошо расположение и честото родителско гледање во мобилен телефон.
Во студијата биле вклучено 172 семејства со деца помлади од пет години, објавено е во германското списание Психологија денес.
Истражувачите нагласуваат дека извлекување мобилен и свртување од плачливо дете дава олеснување на родител. Но, во исто време тие губат можност за важен контакт со детето.
Родителите кои често пуштаат да ги прекинува нивниот мобилен создаваат кај детето чувство дека уредот го контролира контактот и вниманието. Поради тоа, вниманието за детето станува непредвидливо. Родителите може да бидат физички присутни, но само повремено се присутни и емоционално.
Затоа, тие препорачуваат – оставете ги настрана мобилните кога сте со своето дете.