Новата учебна година започна вчера, а девет ученици од старото VII/2 ги немаше во во училниците на Основното училиште „Владислав Рибникар“ бидејќи монструозното момче Коста Кецмановиќ ги уби со истрели од пиштол на 3 мај годинава.
Првиот училишен ден сите деца во основните училишта во Србија помина без предавања. Децата разговараа со своите професори, а така беше и во училиштето во Врачар, кое доживеа невидена трагедија.
Но, многу родители чиишто деца оделе во тоа училиште оваа учебна година решиле да ги префрлат во други училишни институции, а еден од нив е и адвокатот Војин Шаљиќ, кој за тоа зборуваше денеска на ТВ Прва.
-Немам податоци колку деца се отпишани од „Рибникар“. Знам дека од еден од класовите, во кој беше убиено девојче, беа испишани повеќе од 10 ученици, а во петокот на час се појавија само пет ученици од тој клас – изјави Шаљиќ кој и самиот ја испишал ќерка си од тоа основно училиште