Иранскиот претседател Хасан Рохани повика денеска муслиманите ширум светот да се обединат против САД нагласувајќи дека муслиманите може да „постават црвен тепих за криминалците“ или да станат против неправдата.
– Потчинување на Западот на чело со Америка би било предавство за нашата вера…и протов идните генерации во овој регион, рече Рохани на меѓународна конференција за исламско единство што се одржа во Техеран.
– Имаме избор или да поставиме црвен тепих за криминалците или силно да станеме против неправдата и останеме верни на нашиот Пророк, Коранот и исламот, истакна Рохани.
Во говорот што го пренесуваше државната телевизија Рохани рече дека се подготвени да го бранат саудискиот народ.
– Подготвени сме да ги браниме интересите на саудискиот народ против тероризмот, агресијата и суперсилите…и не бараме 450 милијарди тоа да го направиме, нагласи иранскиот претседател мислејќи на договоритешто Саудиска Арабија ги има со САД.