Палестинската милитантна група Хамас преговара со администрацијата на Соединетите Американски Држави за прекин на огнот во Појасот Газа и влез на хуманитарна помош во палестинската енклава, изјави во вторник за Ројтерс висок палестински функционер.

На 2 март, Израел го блокираше влегувањето на помошта во палестинската енклава.

Израелската војска ги обнови нападите врз Појасот Газа на 18 март по двомесечното примирје што започна на 19 јануари, пренесува Танјуг.