Ги знаеме фактите кои почнуваат од јули 2022 и овој Договор и заклучоците на Советот го обликуваат патот напред за Преговарачката рамка и за приемот во ЕУ. Ова е преземена обврска и од С. Македонија и од ЕУ, еднакво. Истовремено мислам дека треба да сфатиме дека ова е значаен момент на шанса за ЕУ проширување. И морам да кажам дека јас сум уверен и силно верувам дека штом ова прашање се затвори, С. Македонија ќе го забрза темпото, изјави вечерва евроамбасадорот Михалис Рокас во гостувањето на „Тема на денот“ на Сител телевизија.

Вели дека ЕУ делегацијата е тука за да и помогне на земјата да ги забрза реформите за да биде апсолутно подготвена во моментот кога овие уставни амандмани ќе бидат усвоени. -Сите ја знаеме рамката. Но јас не сакам да шпекулирам кога тоа ќе се случи, рече Рокас.

Евроамбасадорот истакна дека има голем моментум за ЕУ проширување.

-И гледаме дека и покрај се што се случува во светот, геостратешките императиви се такви да ЕУ во овој момент работи на многу отворени прашања – вооружување, безбедност, конкурентност. Но, во вакви често депресивни околности, ЕУ проширувањето останува и е топ приоритет. И гледаме дека некои земји како Албанија и Црна Гора ја користат оваа шанса и ги забрзуваат овие активности кон прием во ЕУ. И морам да кажам дека јас сум уверен и силно верувам дека штом ова прашање се затвори, С. Македонија ќе го забрза темпото, рече Рокас.

На прашањето дали ЕУ размислува во насока да оневозможи билатерални прашања да го опструираат процесот на проширување, вели дека лидерите на ЕУ веќе јавно говореле за билатералните прашања.

-Но она што е важно е добриот моментум. Ние мораме постојано да работиме особено со нашите соседи за да градиме добрососедски односи базирани на доверба. Ова е заедничка обврска и навистина беше добро да се види солидарноста на која сведочевме по трагедијата, солидарност не само од владите ,туку од јавноста. И мора да сфатиме дека во овие нестабилни времиња во светот нема подобра алтернатива од интегрирана ЕУ и ова е главен предуслов за просперитетот на нашите граѓани, посочи Рокас.

Во врска со тоа дали дали постојат дипломатски напори во позадина, со оглед на тоа дека не гледаме јавни средби на владини претставници од Скопје и Софија, вели дека дипломатска активност имало секогаш.

-Димпломатска активност имало секогаш и мислам дека ако не знаете детали, тоа е супер, затоа што тивката дипломатија многу пати функционира. Се што можам да кажам е дека имаше многу предлози, има многу препораки за придвижување. Мислам дека наша должност како ЕУ делегација е да помогнеме за забрзување на реформите за да бидеме стопроценти подготвени во моментот кога ќе се отворат преговорите и ќе одиме отворање кластери, да можете да надоместите многу бргу. Дипломатијата секогаш продолжува, нагласи евроамбасадорот.

Фото: принтскрин