Околу 120 препораки треба да спроведе Македонија во претстојната година, доколку сака да го подобри досието за подготвеност за пристапување во Европската унија, но и носење на уставните измени доколку сака да го отвори првиот Калстер од преговорите. Новиот извештај на Европската комисија за земјава во кој напредокот е оценет како одреден и ограничен, иако е подобар од ланскиот во кој Комисијата нотираше дека не е направен прогрес, сепак содржи низа од незавршени реформи кои денеска на прес-конференција ги посочи евроамбасадорот во Македонија, Михалис Рокас.
„Довербата во судството треба да се зајакне. Корупцијата треба да решава преку добро следење на истрагите, кривично гонење и крајните обвиненија за случаи на високо ниво. Што се однесува до внатрешниот пазар севкупната процена останува конбинирана – одреден напредок, помалку напредок, но областите како што се слободното движење на работници и стоки, политиката за конкурентност, правото на интелектуалната сопственост, треба да бидат унапредени“, изјави Рокас.
За потребата од носење уставни измени кои се најдоа во заглавието на Извештајот на Европската комисија, но и во првата реченица на Рохас на прес-конференцијата, евроамбасадорот сепак се воздржа од коментар за тоа дали за Унијата се прифатливи уставни измени со одложено дејство и дали се тие можни без промена на преговарачката рамка, односно дали тие би биле прифатливи за Унијата доколку ги прифати Бугарија. Тој само ја повтори изјавата на претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, од минатата недела.
„За мене е невозможно да шпекулирам за хипотетички прашања, но она што е кристално јасно, а кое би сакал да го кажам, моето мислење е дека претседателката на Европската комсиија, Урсула фон дер Лајен, кога беше тука на истава говорница испорача јасна и недвосмислена порака и би сакал да ја цитирам. Најпрвин се зборуваше за одличната соработка и таа и се заблагодари на Северна Македонија за тоа и потоа витирам: „Ние имаме јасна цел во тоа, а тоа е да го отвориме Кластерот Основи, најбрзо што е можно. Речиси сме таму. Знаеме дека се работи за уставните измени на кои вашата земја се обврза дека ќе ги спроведе. Сега ќе бидат потребни заеднички напори, соработка и дијалог. Се надевам дека сите политички сили во земјата ќе се обединат да го донесат овој одлучувачки чекор за придвижување“. Потоа таа рече дека е уверена, премиерот стоеше тука, дека може да ги надминеме пречките кои се уште постојат. Тоа е се што ќе го кажам“, рече Рокас.
Министерството за европски прашања пак кое ја направило првичната анализа на оценките добиени во Извештајот при што констатира дека има благ нагорен тренд во подготвеноста на земјата, односно вкупната подготвеност ја оценува како добро ниво на подготвеност. Сепак и од таму ништо конкретно околу уставните измени. За тоа дали владата има план како понатаму доколку во последните избори во Бугарија не резултираат со политичка влада на која Скопје чека за да седне и да разговара за уставните измени, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, со одговор дека не коментра хипотетичи ситуации.
„Што се однесово до тоа – што доколку нема политичка влада во Бугарија, мислам дека не е моментот да почнеме да градиме хипотетички тези. Тоа што е битно во моментот е дека се што требаше да се каже е кажано, сега е време да се работи на изнаоѓање на решение“, изјави Муртезани.
За забелешките пак содржани во извештајот за недоволниот капацитет на Министерството за европски прашања за водење на процесот на пристапување, Муртезани, вели дека помош ќе се бара од Европската унија и донаторите.
„Вакви одредени експерти преку различни проекти веќе работата во Министерството за европски прашања, овој броој во нередниот месец – два ќе се зголеми за да има структура за имплемнтација на реформската агенда. Странските експерти не можат да бидат вработени во Министерството, тие одат преку различни проекти, а дополнителните вработувања на стручниот кадар ќе одат преку министерството и различните линиски министерства. Ќе се обидеме да ги најдеме во државата. Тоа што не може да го најдеме вод ржават ќе го бараме преку различни донатори и проекти“, рече Муртезани.
За тоа зошто се уште не е и готов Акцискиот план за заштита на правата на малцинставата во земјава, како еден од суштинските документи за отворање на првиот Кластер Муртезани со одговор дека на него работи Министерството за надворшени работи и оти се уште уште се работи на усогласување на финалната верзија на документот.
во претстојната година, доколку сака да го подобри досието за подготвеност за пристапување во Европската унија, но и носење на уставните измени доколку сака да го отвори првиот Калстер од преговорите. Новиот извештај на Европската комисија за земјава во кој напредокот е оценет како одреден и ограничен, иако е подобар од ланскиот во кој Комисијата нотираше дека не е направен прогрес, сепак содржи низа од незавршени реформи кои денеска на прес-конференција ги посочи евроамбасадорот во Македонија, Михалис Рокас.
„Довербата во судството треба да се зајакне. Корупцијата треба да решава преку добро следење на истрагите, кривично гонење и крајните обвиненија за случаи на високо ниво. Што се однесува до внатрешниот пазар севкупната процена останува конбинирана – одреден напредок, помалку напредок, но областите како што се слободното движење на работници и стоки, политиката за конкурентност, правото на интелектуалната сопственост, треба да бидат унапредени“, изјави Рокас.
За потребата од носење уставни измени кои се најдоа во заглавието на Извештајот на Европската комисија, но и во првата реченица на Рокас на прес-конференцијата, евроамбасадорот сепак се воздржа од коментар за тоа дали за Унијата се прифатливи уставни измени со одложено дејство и дали се тие можни без промена на преговарачката рамка, односно дали тие би биле прифатливи за Унијата доколку ги прифати Бугарија. Тој само ја повтори изјавата на претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, од минатата недела.
„За мене е невозможно да шпекулирам за хипотетички прашања, но она што е кристално јасно, а кое би сакал да го кажам, моето мислење е дека претседателката на Европската комсиија, Урсула фон дер Лајен, кога беше тука на истава говорница испорача јасна и недвосмислена порака и би сакал да ја цитирам. Најпрвин се зборуваше за одличната соработка и таа и се заблагодари на … Македонија за тоа и потоа витирам: „Ние имаме јасна цел во тоа, а тоа е да го отвориме Кластерот Основи, најбрзо што е можно. Речиси сме таму. Знаеме дека се работи за уставните измени на кои вашата земја се обврза дека ќе ги спроведе. Сега ќе бидат потребни заеднички напори, соработка и дијалог. Се надевам дека сите политички сили во земјата ќе се обединат да го донесат овој одлучувачки чекор за придвижување“. Потоа таа рече дека е уверена, премиерот стоеше тука, дека може да ги надминеме пречките кои се уште постојат. Тоа е се што ќе го кажам“, рече Рокас.