На Грен слемот Ролан Гарос денес стартува четвртфиналната фаза во двете конкуренции.
Кај тенисерите, 12-кратниот шампион Рафаел Надал ќе се соочи со 19-годишниот Јаник Синер, додека двократниот финалист Доминик Тим ќе игра против Диего Шварцман.
Во женска конкуренција, најпрво ќе се одигра последниот меч од осминафиналето, а потоа Елина Свитолина ќе има дуел со Надја Подорошка, додека Ига Шваитек ќе се сретне со Мартина Тревизиан.
Почетокот на програмата во Париз е во 11 часот.