Рома ќе му понуди на искусниот напаѓач Единсон Кавани договор, кој ќе може да слета во Олимпико како слободен агент.

Уругваецот има истечен договор и ќе го напушти ПСЖ, а од 1 јули ќе може да потпише со кој било заинтересиран клуб без надомест за трансфер. 33-годишниот фудбалер ја напушта француската престолнина по седум сезони во тимот.

За време на суспендираната кампања на Лига 1, тој одигра 14 натпревари и само 4 голови.

Во последните денови се зборуваше многу за тоа дека има интерес за него и од Барселона.