Играчот за врска на Рома, Хенрих Мхитаријан ќе го продолжи договорот со клубот, објави новинарот Николо Шира.
Според Шира, 32-годишниот Ерменец ќе потпише договор до 2023 година со плата од 4,5 милиони евра плус бонуси.
Во сезоната 2020/21, Мхитаријан одигра 46 натпревари за Рома, постигна 15 гола и 13 асистенции. Тековниот договор на играчот важи до крајот на јуни 2021 година.
На 29 мај беше објавено дека Мхитаријан ја одбил понудата на Зенит.