Романија, која беше втора во нашата група од квалификациите за СП во Катар и имаше еден бод предност пред Македонија, вечрва на свој терен одигра нерешено – 0:0 – со Исланд.
Наспроти тоа Македонија победи во Ерменија, и со киксот на Романија изби на второто место во групата со 15 бодови, додека Романија падна на третото место со 14 бодови.
Ова отвора шанса, со победа во последното коло над Исланд во Скопје, нашата репрезентација да го задржи второто место и на тој начин да обезбеди бараж натпревар на кој би се обидела за прв во историјата на нашиот фудбал, да се квалификува на СП.
Романија во последното коло игра со Лихтенштајн, но ако ние победиме во последното коло, резултатот од тој натпревар нема да има никаква важност за нас.