Романскиот Национален институт за хидрологија и управување со водите денеска објави црвен аларм од поплави во поединечни делови од земјата.
– Во изминатите 24 часа романските пожарникари поради обилниот дожд испумпале вода од 53 куќи и околу 200 дворови ширум земјата, соопшти Генералниот инспекторат за вонредни ситуации.
Од надојдената вода најпогодени се романските окрузи Бихор, Неамт, сучево и Васлуј.