Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска ја објави својата кандидатура за наследник на Јенс Столтенберг на функцијата шеф на НАТО, ветувајќи „обновување на перспективата“ во клучно време за алијансата.
„Одлучив да учествувам во конкуренција за функцијата генерален секретар на НАТО“, изјави Јоханис, чија земја се граничи со Украина.
Западни медиуми јавуваа изминатите месеци дека холандскиот премиер Марк Руте е фаворит да ја води алијансата и да го замени Столтенберг, откако САД, Велика Британија и Германија изразија поддршка за неговата потенцијална кандидатура.
Унгарија, сепак, нагласи дека земјата нема да го поддржи Руте, кој претходно ја критикуваше унгарската влада.
Наследникот на Столтенберг – поранешниот норвешки премиер – се очекува да биде објавен пред самитот во Вашингтон во јули.
„Со оглед на актуелниот безбедносен контекст, верувам дека е време нашата земја да преземе уште поголема одговорност во евроатлантското раководство“, напиша Јоханис во изјавата.