Саудискиот фудбалски клуб Ал Наср демантираше вечерва дека Португалецот, Кристијано Роналдо ја напуштил Саудиска Арабија со својот приватен авион по иранскиот напад со беспилотни летала на американската Амбасада во Ријад.

Паралелно со ова, добро информираниот новинар Фабрицио Романо, исто така, ги нарече неточни информациите дека Роналдо заедно со семејството го напуштил Ријад и се вратил во Мадрид.

Романо објави дека станува збор за лажна вест, истакнувајќи оти португалскиот напаѓач се ноѓа во клупскиот тренинг-центар на Ал Наср, каде што е на терапија по проблемите што ги имаше на последниот натпревар.

Клубот потврди дека Роналдо претрпел повреда на тетивата на натпреварот против Ал-Фајх.

Ал Наср наведе дека Роналдо веќе започнал програма за рехабилитација, а неговата состојба ќе се проценува ден по ден. (МИА)