Кристијано Роналдо е првиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кој забележал 100 победи.
Новиот рекорд Португалецот го постави синоќа со неговиот тим Јувентус по триумфот над Валенсија (1:0).
Роналдо победите во ЛШ ги оствари настапувајќи за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.
Тој е рекордер и во ефикасност со постигнати 121 гол.