„Хет-трикот“ на Кристијано Роналдо против Каљари беше прв за Португалецот во Серија „А“. Со него, петкратниот освојувач на „Златната топка“ стана само вториот играч кој постигнал три гола на еден натпревар во Премиер лигата, Ла Лига и Серија „А“.

Првиот што забележа вакво достигнување е Алексис Санчез. Напаѓачот, кој во моментов е ангажиран во Интер, но се уште лекува овреда, има три гола во еден натпревар против екипите на Удинезе, Барселона и Арсенал.

Кристијано Роналдо има по еден „хет-трик“ во Премиер лигата и Серија „А“ и 34 во Примера.

Сепак, Португалецот е се уште на второто место во пласманот во италијанскиот шампионат оваа сезона. Тој има 14 голови колку и Ромелу Лукаку.

Лидер е гол-машината на Лацио, Чиро Имобиле, која досега има 19 голови.