Роскосмос испрати апел до своите партнери на Меѓународната вселенска станица, барајќи да ги укинат санкциите за компаниите на корпорацијата, изјави денеска извршниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин.
– Државната вселенска корпорација Роскосмос испраќа писмен апел до своите партнери во Меѓународната вселенска станица, американската Национална управа за аеронаутика и вселена (НАСА), Канадската вселенска агенција и Европската вселенска агенција, барајќи укинување на нелегитимните санкции за нашите компании, порача Рогозин на Телеграм, пренесоа некои руски медиуми.
Како одговор на санкциите на Европската унија, руската вселенска агенција Роскосмос ја прекина соработката со европските партнери на космодромот Куру во Француска Гвајана кон крајот на февруари.