Поранешниот француски репрезентативец Жером Ротен објави дека Антоан Гризман ќе премине во Барселона во летниот преоден рок.
– Можам да кажам од сигурен извор дека Антоан Гризман ќе отиде во Барселона следното лето, изјави Ротен во интервју за „РМЦ Спорт“.
Во последниве денови, шпекулациите за иднината на Гризман се зголемуваат. Според информациите, тој дури е подготвен да направи сериозни финансиски отстапки за да стигне до „Камп Ноу“.
Гризман очајно жалел што не го прифатил предлогот на Барселона минатото лето. Тој избра да го продолжи договорот со Атлетико Мадрид до 2023 година за плата од 23 милиони евра по сезона.
Барселона е подготвена да ја плати откупната клаузула во договорот на Гризман во вредност од 120 милиони евра, но ако сака да заигра на „Камп Ноу“, Французинот ќе треба да скрати солиден дел од платата, бидејќи Каталонците се подготвени да му дадат 16 милиони евра, што е 7 милиони годишно помалку од неговиот договор во Атлетико Мадрид