На 12 јануари 2023 година Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил оствари телефонски разговор со Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Неговото Блаженство изрази искрена благодарност од името на епископијата, свештенството, монаштвото и мирјаните на Македонската православна црква – Охридска архиепископија за признавањето на нејзината канонска автокефалност од страна на Руската православна црква.
Неговото Блаженство Архиепископот Стефан се заблагодари и за посетата на Македонија на високата делегација на Московската Патријаршија на чело со Претседателот на Одделот за надворешни црковни односи митрополитот Волоколамски Антониј, во рамките на која во Лесновскиот манастир епископите на двете Цркви за прв пат заедно служеа Божествената Литургија со голем собир на верници во денот на празникот Свети Гаврил Велички.
Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија изрази искрена благодарност до Неговата Светост Патријарх Кирил за неговата љубов и внимание и изрази надеж дека наскоро ќе се сретне со него.
Од своjата страна, Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил, зборуваше за љубовта што верници од Руската православна црква традиционално ја чувствуваат кон своите православни браќа во Македонија и изрази длабоко задоволство од обновувањето на нејзиното канонско заедништво со Помесните Православни Црквите и стекнувањето автокефален статус. Неговата Светост Патријархот го увери соговорникот во непоколебливата сеопфатна поддршка од страна на Московската патријаршија и го замоли да се моли за Руската православна црква во овие тешки моменти.