Барање за поведување на постапка за утврдување на одговорноста и изрекување на санкции за судијка од Апелациониот суд во Скопје пристигнало до Републичкиот судски совет, објави порталот Прес 24.
Со пресудата што ја донел Апелациониот суд од Скопје се предвидува човек-фирма да добие отштета од околу 4 милиони евра. Пресудата била донесена во кус временски рок, а покрај тоа Апелациониот суд целосно ја преиначува првостепената судска одлука на простепениот граѓански суд во Скоје кој претходмно го отфрлил барањето за отштета како неосновано.
Според информациите на медиумот оштетата на човек-фирмата од Штип треба да исплати Македонски Телеком.
Според информации на Прес 24,во барањето до РСС се наведува дека во постапувањето на судиите на Апелациониот суд во Скопје за овој случај направени се повеќе повреди на Законот за судови и Законот за парнична постапка.
Според информации на медиумот подносител на барањето е Македонски Телеком, каде удел има и државата, кој добил пресуда која била донесена преку ноќ и со која целосно се преиначува одлуката на првостепениот суд, што е крајно невообичаено и спротивно на досегашната судска пракса. Инаку, фирмата од Штип имала склучено договор со Телеком во периодот од 2001 до 2002 година, кој бил раскинат од Телеком заради неплаќање на обврските од страна на фирмата. Потоа започнал долг судски спор пред првостепениот Граѓански суд во Скопје, кој минатата година пресудил во корист на Телеком, бидејќи судот утврдил дека се работи за фирма со еден вработен, која повеќе години била со блокирана сметка, а е повторно активирана непосредно по донесување на пресудата на Алелациониот суд.