Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека САД и Иран во сабота во Оман ќе одржат директни разговори за иранската нуклеарна програма. „Се надеваме дека ова ќе доведе до мир.

Бевме многу јасни дека Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје и мислам дека тоа е она што доведе до овој состанок“, рече Рубио за време на состанокот со кој претседаваше американскиот претседател Доналд Трамп.

Во исто време, портпаролката на Стејт департментот Тами Брус изјави денеска дека средбата во сабота во Оман ќе ја покаже позицијата на Иран.

Брус не ја исклучи можноста за понатамошни разговори меѓу САД и Иран. Разговорите меѓу американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф и висок ирански функционер се закажани за сабота во Оман.