Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска пристигна во главниот град на Унгарија, Будимпешта.
Предвидено е Рубио на утрешната средба со шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто да потпишат договор за нуклеарна соработка и да разговара за билатералните односи и перспективите за мир во Украина.
Потоа Рубио ќе се сретне со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, со кој ќе разговара со билатералните односи.
Американскиот државен секретар пристигна во Унгарија по посета на Братислава, каде имаше средба со словачкиот премиер Роберт Фицо.




