За да ја зголемите сопствената дневна доза на здравје што ја внесувате во вашиот организам во текот на летниот период, во секоја салата додајте неколку ливчиња рукола. Само добро измијте ја и со неа зачинете ја салатата. Така на организмот ќе му дадате големи количини на калиум, калциум, железо, манган, витамин А, Б, Ц, К… При тоа, ќе внесете минаимален број калории, поради што руколата се препорачува при диетите.
Руколата е се попопуларен „лек“ зашто е богата со влакна и антиоксиданси, го забрзува метаболизмот и го штити организмот од напади на токсини. Лекарите ја препорачуваат како посебна намирница во борба со лошиот холестерол и зголемениот шеќер, додека дозата глукозинолат што ја содржи превентивно делува кај многу видови рак, посебно кај оние најлошите.
Се препорачува и кај хроничните воспаленија и срцеви заболувања, а бидејќи обилува со високо ниво на хлорофил, ги спречува оштетувањата на ДНК и црниот дроб.
Руколата исто така го штити мозокот, спречувајќи да дојде до когнитивни способности, зашто поседува големи количини природен витамин Б.