Без положен правосуден испит, Бети Русеска била назначена за претседател на второстепената комисија во Владата, и како што објави Охрид скај, таа е охридската верзија на Мира Дизел.
Русеска, како што пишува порталот, само за еден месец си ги вдомила и двата сина во државни служби, едниот во МВР, а другиот во Царина.
По катастрофалните резултати на партијата на изборите, Русеска пред делегатите на Централниот одбор на СДСМ изјавила и дека не може да дозволи повторно да биде во опозиција.
– Претседателе, другари и другарки, јас партијата ја сакам повеќе од татко ми и од мајка ми, повеќе од мојата фамилија. Не можам да дозволам пак да бидам 10 години во опозиција, рекла Русеска.