Инсталирани се нови автоматски современи радарски контролни и мониторинг единици за управување на мерната станица во Ѓуриште. Системот е поправен и надграден, на што работеше тим од Русија.
Инсталирана е и новата верзија на софтверскот пакет, а извршена е и целосна калибрација.
Радарскиот систем за детектирање и следење облачни маси кои предизвикуваат големи временски непогоди е инсталиран во 2005 година во Љуште кај Свети Николе, а од пред четири години не беше во функција.
Реконструирани се и повеќе метеоролошки станици: во Штип, Демир Капија и Крива Паланка, а инсталирани се и агрометеоролошки станици во Градско, Кочани и Струмица.