Руската антимонополска агенција (ФАС) соопшти денеска дека го казнила американскиот технолошки гигант Епл со рекордни 12 милиони долари поради „злоупотреба на доминантната положба“.
– ФАС го казни Епл со 12 милиони долари поради злоупотреба на доминантната положба во дистрибуција на мобилните апликации на iOS оперативниот систем, се наведува во соопштението на тој регулатор.

Руската агенција додава дека дистрибуцијата на Епл на мобилни апликации преку iOS оперативниот систем резултирала со давање предност на сопствените производи.