Најголем производител на земен гас во светот и најголемо претпријатије во Русија „Газпром“ во средата соопшти дека дополнително ќе го намали капацитетот на испораките на гас преку гасоводот Северен тек на 67 милиони кубни метри дневно. Компанијата објасни дека мора да ја запре работата на уште една единица за пумпање гас на „Сименс“ на гасоводот.
„Поради истекот на времето пред ремонт (во согласност со инструкциите на Ростехнадзор и земајќи ја предвид техничката состојба на единицата), Гаспром ја стопира работата на друга пумпа за гас на „Сименс“ на компресорската станица Портоваја, се вели во соопштението на фирмата. Во него се наведува дека ограничувањата на протокот ќе започнат од 01:30 часот по московско време (22:30 часот по Гринич) на 16 јуни.
Во вторникот, дневното пумпање гас беше намалено на 100 милиони кубни метри, што е намалување од 167 милиони кубни метри. „Газпром“ соопшти дека мора да ги намали испораките на природен гас преку гасоводот „Северен тек“, бидејќи „Симен“с не ги вратил единиците за пумпање гас од поправка.
Германската компанија во средата соопшти дека поправените пумпни единици за гас за гасоводот Северен тек не можат да се вратат од фабриката во Монтреал поради санкциите на Канада против Русија.
Гасоводот Северен тек, кој минува под Балтичкото Море и испорачува руски гас во Европа, ја поврзува компресорската станица Портоваја во Русија со еквивалент во Грајфсвалд во североисточна Германија. Го снабдува пазарот на ЕУ со околу 55 милијарди кубни метри гас годишно.