Руската армија објави дека им го покажала најновото хиперсонично оружје на американските инспектори.

Министерството за одбрана денеска соопшти дека оваа недела на тимот на американските инспектори демонстрирале хиперсоничен авион „Авангард“.

Тоа е објавено во рамки на „мерките за транспарентност“ според Договорот со САД за нуклеарно оружје „Нов СТАРТ“.

Новото оружје ќе биде вклучено во составот на вооружените сили во декември. Војската соопшти дека „Авангардот“ може да лета 27 пати побрзо од брзината на звукот.

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека појавата на тоа оружје претставува технолошки пробив споредлив со советското лансирање на првиот сателит од 1957 година.