Руската Обединета авио корпорација и државниот инвестициски фонд во ОАЕ ќе основаат заедничка компанија за развој на нов мал суперсоничен патнички авион, најави денеска рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров.
– Отворено е прашањето за учество во капитал и околу тоа мораме уште да разговараме, изјави рускиот министер, потврдувајќи дека кон крајот на годинава или на почетокот на следната, светската јавност ќе има можност да го види дизајнот на авионот.
Сепак, познато е дека целта на конструкторите е новиот авион да може да развие брзина до 1,8 маха, а ќе се произведува во две верзии – со осум и со 30 патнички седишта.