Кинеската Национална вселенска администрација соопшти дека ја поздравува руската помош за изградба на идната вселенска станица на Пекинг.
Според администрацијата, Пекинг е подготвен да ја прифати помошта на Москва и другите земји кои работеа на слични проекти, меѓу кои и Германија и Франција.
Русија е еден од главните партнери на Кина во вселенска соработка, нагласува Пекинг, додавајќи дека вселенската станица ќе биде завршена до 2022 година. Кина планира да изгради орбитална станица, која се состои од три главни модули – две лаборатории и една база. Проектот треба да започне оваа година и првиот модул се очекува да се користи до 2022 година.