Никогаш во нашата историја, толку многу народ не излегол спонтано и во толку голем број, отфрлајќи ја увезената влада водена од измамници, напиша на Твитер, сега веќе сменетиот пакистански премир Имран Кан, кому денеска пакистанскиот парламент му изгласа недоверба.
Гласањето доаѓа само неколку дена откако тој конечно го отфрли барањето да се придружи на западните санкции кон Русија и да ја осуди руската инвазија во Украина.
Засега непознато е како Армијата на Пакистан ќе се однесува кон сето ова. Според низа проценки, пакистанкста Армија е деветта сила во светот, има 2 800 тенкови, 350 авиони и, да не се изуми, таа е нуклеарна сила.
Српскиот портак Мондо кој не е наклонет кон Русија, веста за излегувањето на народото на улиците низ пакистанските градови ја проследи со зборовите: Заборавете ја Украина! Сега овде се вжештува, а тоа е деветтата најмоќна армија на светот.
Кан на Твитер им се заблагодари на Пакистанците кои го поддржуваат и најави дека нема да се предаде и дека ќе се бори против смената, иако претходно имаше претпоставки дека тој веќе е приведен.
Never have such crowds come out so spontaneously and in such numbers in our history, rejecting the imported govt led by crooks.