Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија повторно ја гаѓала нуклеарната централа Чернобил, при што во еден дел избил пожар, што набрзо е изгаснат.
Зеленски на платформата Икс објави дека еден дрон ја погодил зградата на централното складиште за искористено гориво.
– Екстремно критична инфраструктура и екстремно зол руски напад, наведе Зеленски, додавајќи оти по нападот нивото на радијација на ги надминува дозволените граници.
Тој посочи и дека Русија во текот на ноќта нападнала 13 украински региони, при што, наводно, биле гаѓани и цивилни објекти.




