Заменикот министер за надворешни работи на Русија, Олег Сиромолотов изјави дека Русија во повеќе наврати ја предупредувала Франција за опасноста од терористи кои мигрирале од Северен Кавказ во Франција, додека француските власти ги сметале за „борци за слобода“.
Тој рече дека многу од овие „борци за слобода“ во меѓувреме станале граѓани на Франција, а со тоа и на Европската унија.
Кога станува збор за соработката меѓу Русија и Франција по прашањето за борбата против тероризмот, Сиромолотов рече дека оваа област е една од најважните области во билатералните односи меѓу Москва и Париз.
Според него, во согласност со договорот меѓу претседателите на Русија и Франција Владимир Путин и Емануел Макрон, повторно почна со работа работната група за борба против новите предизвици и закани.