Русија ќе го евакуира персоналот од Амбасадата во Украина бидејќи ескалира заканата од војна во регионот, соопшти Министерството за надворешни работи во Москва.
– Со цел заштита на нивниот живот и безбедност, руското раководство донесе одлука за евакуација на персоналот на руските дипломатски канцеларии во Украина, се вели во соопштението во кое се додава дека евакуацијата ќе се случи „во блиска иднина“.
Оваа одлука се однесува на персоналот во амбасадата во Киев и на руските конзулати на други места во земјата.