Русија ќе поднесе до Советот за безбедност на ОН резолуција за решавање на кризата во Венецуела, како одговор на американскиот предлог што предвидува нови избори.
„Советот за безбедност повикува на решение за ситуацијата во Венецуела со мирни средства”, се вели во нацрт-резолуцијата на Русија и се додава дека Советот за безбедност на ОН ги поддржува сите иницијативи за постигнување политичко решение.
Нацрт-резолуцијата на САД предлага поништување на резултати од претседателските избори во Венецуела во 2018 година и одржување нови избори во таа јужноамериканска држава.