Русија засега не планира да им забрани на своите граѓани  да останат по домовите  заради ширењето на коронавирусот, изјави денеска заменик премиерот Андреј Белоусов.

-Досега немаше такви наредби, ниту сум слушнал за такви планови, изјави Белоусов за ТВ „Русија-1“, пренесе Тасс.

Во Русија досега се потврдени повеќе од 250 случаи на заразени со коронавирусот.