Украинските обвинувања дека руско беспилотно летало го погодило штитот на нуклеарниот реактор во Чернобил, Русија ги „провокација“ од Киев за да го уцени Западот да му испрати повеќе оружје.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно денеска објави дека руски напад го погодил штитот околу реакторот кој експлодирал во 1986 година, поставен за да се запре натамошното истекување на радијација.
-Нивото на радијација досега не е зголемено и постојано се следи, изјави претходно украинскиот претседател додека тој, американските и европските лидери се собираат на Минхенската безбедносна конференција, каде меѓу другото ќе се разговара и за војната во Украина.
Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, го обвини Зеленски дека го организирал наводниот напад со беспилотно летало да се совпадне со собирот во Минхен, како дел од обидот да се лобира за дополнително оружје и финансирање од Западот.
-Дали некој се сомнева дека ова е провокација? Нема сомнеж. Настапот беше потребен за да се лобира за испорака на оружје и да се убеди светската јавност. Застрашувачки, крвав и многу опасен настап, заклучи Захарова.