Во Русија бројот на излекувани од коронавирусот се зголеми на пет лица, соопшти денеска Министерството за здравство во Москва.
Меѓу излекуваните се двајца кинески државјани, двајца Руси и еден Италијанец.
Според извештајот на работната група задолжена за борба против Ковид-19, во Русија се регистрирани 93 случаи на зараза. Повеќето пациенти имаат лесни симптоми на болеста, а досега се тестирани повеќе од 116.000 луѓе.