Руската нафтена компанија „Гаспром“ денес соопшти дека испорачува 24,4 милиони кубни метри гас во Европа преку пумпната станица за гас „Суџа“ во Украина.
„Гаспром испорачува руски гас преку украинска територија во износ договорен со Украина, кој денес изнесува 24,4 милиони кубни метри. Украинската страна одби испораки преку трасата Сорановка“, соопштија од Гаспром, пренесува ТАСС.
Транзитната линија преку „Суџа“ останува единствената рута преку која рускиот гас стигнува до земјите од Западна и Централна Европа, откако целосно е прекината испораката преку Северен тек.