Рускиот претседател Владимир Путин за свој нов советник го постави поранешниот министер за економски развој Максим Орешкин. Орешкин на неговата министерска позиција го замени Максим Решетњиков, јавија британските медиуми.
Рускиот претседател, исто така, доскорешниот министер за култура Владимир Медински го постави за еден од своите советници.
Потегот на Путин следеше откако руската Влада минатата недела поднесе оставка.