Рускиот рибарски брод „Онега“ потона во Баренцовото Море, соопшти Министерството за вонредни ситуации.

На бродот се наоѓале 19 лица, од кои двајца се спасени. Oстанатите 17 лица се водат како исчезнати и се претпоставува дека загинале, објави ТАСС.

Информациите за случајот во Баренцовото Море, во близина на Нова Земја во регионот Архангелск, се од утрово. Според првичните податоци, бродот потонал поради замрзнување.