Русија предупредува дека во Сирија може да се случат нови провокации со користење хемиско оружје и бара од Организацијата за забрана на хемиско оружје да не превиди такви извештаи, изјави синоќа постојаниот претставник на Русија во ОЗХО, Александар Шулгин.

– Западните држави сакаат политизирана ОЗХО. Јунската седница на членките е приказ за тоа кога на инсистирање на Обединетото Кралство и САД е испратен политички сигнал за подготвеноста на секретаријатот да спроведат небитни функции за воспоставување виновници за користењето хемиско оружје, изјави Шулгин.

Тој додаде дека во таква ситуација ОЗХО може да заземе став и укаже на непримерност од такви провокации. Руското МО претходно предупреди на можен исцениран напад со хемиско оружје против цивили во Идлиб во Сирија.