Рускиот претседател Владимир Путин ја прогласи 2021 година за година на науката и технологијата, се вели во претседателски декрет.
Во документот се наведува дека оваа одлука има за цел да го промовира понатамошниот развој на науката и технологијата во Руската Федерација.
Путин и наложи на својата администрација да формира организациски комитет за Годината на науката и технологијата и за копретседатели ги назначи вицепремиерот Дмитриј Хемишенко и неговиот советник Андреј Фурсенко.
Одлуката за прогласување на година на наука и технологија рускиот претседател ја објави на состанокот на надзорниот одбор на московскиот државен универзитет Ломоносов.