Најновите американски санкции на светска сцена може да поткопаат напори на држави на ОПЕК за стабилизација на нафтениот пазар. Тоа го тврди првиот заменик на шеф на Кабинетот на владата на Русија, Сергеј Приходко.

– За жал деструктивните акции на САД на светска сцена може да поништат напори на држави од ОПЕК да се избегне нов круг зголемување на цената на нафтата и дестабилизација на пазарите, изјави Приходко.

Одговарајќи на прашање дали Кина од Русија побарала зголемена испорака на нафта поради американските санкции спрема Иран и трговската војна САД-Кина, Приходко изјави дека Русија е на прво место меѓу светските извозници на нафта во Кина, дури и пред Саудиска Арабија.

Соработката во тоа подрачје е отпорна на, како што рече, „флуктуациите во меѓународната ситуација“.