На 75-годишна возраст денеска во Москва почина лидерот на ултрадесничарската Либерално-демократска партија на Русија, Владимир Жириновски
Веста ја соопшти Вјачеслав Володин, претседател на Думата.
Жириновски беше примен во болница на 2 февруари со дијагноза Ковид-19.
Жириновски е роден во Алмати, Казахстан. Тој е руски политичар, основач и лидер на Либерално-демократската партија на Русија, заменик-претседател на руската Дума и член на Советот на Европа.
Како што објавија повеќе медиуми, Жириновски на секои два месеца се вакцинирал против коронавирусот и досега имал примено 8 вакцини.
Жириновски беше хоспитализиран на 2 февруари поради Ковид-19 и оттогаш беше во болница. Подоцна, на 11 февруари, Министерството за здравство соопшти дека неговата состојба е оценета како стабилна, а од партиската прес-служба објавија дека Жириновски продолжил да работи од болницата и одржувал контакт со колегите пратеници.
Во интервју кон крајот на минатата година, Жириновски рече дека веќе примил осум вакцини против коронавирусот. Според него, тој се ревакцинирал на секои два месеца.