Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Македонија ги информирала за повлекувањето на согласноста за воспоставување на функцијата почесен конзул на Русија во Битола.

– Нема сомнеж дека ова е повторно политички мотивиран, непријателски гест. Овој напад има за цел да го продлабочи јазот во руско-македонските односи формиран врз основа на зависното однесување на С. Македонија и да ја покаже слепата лојалност на оваа балканска земја кон западните сојузници, нивната политика на санкции и брутален притисок врз Русија се вели во соопштението на МНР на Русија.