Македонија е меѓу 93-те земји кои гласаа „за“ суспендирање на Русија од Советот за човекови права во Обединетите Нации (ОН).
Покрај Македонија, за суспензија на Русија од Советот за човекови права во ОН се изјаснија и Србија, Албанија, Бугарија и Грција од најтесното наше опкружување, но и сите држави што произлегоа од распадот на поранешна Југославија (Црна Гора, БиХ, Хрватска и Словенија).
Суспензијата на Русија беше иницирана од САД и од Велика Британија по обелоденување на масакрот во Буча.
Против гласаа 24 земји – Белорусија, Русија, Кина, Северна Кореја, Иран, Алжир, Боливија, Бурунди, ЦАР, Конго, Куба, Еритреја, Етиопија, Габон, Казахстан, Киргистан, Лаос, Мали, Никарагва, Сирија, Таџикистан, Узбекистан, Виетнам и Зимбабве, додека 58 беа „воздржани“.