Во Русија денеска е објавено дека во последните 24 часа умреле уште 510 лица од коронавирус, што е трет пат неделава дневниот број на смртни случаи да надмине 500.
Според Кризниот штаб, во земјата се регистрирани нови 27.100 случаи на инфекции.
Најголем број новоинфицирани има во Санкт Петербург – 3.695, додека во московскиот регион се регистрирани 1.065 нови случаи, пренесе Тасс.
Од почетокот на епидемијата во Русија се заразени 2.242.633 лица, од кои досега умреле 39.068.