Русија тврди дека ја потиснала украинската армија на три места во областа Курск

/ 17.08.2024

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека ја „потиснало“ украинската армија на три места во регионот Курск каде што од 6 август украинските сили спроведуваат прекугранична офанзива на руска територија.

Руските војници ги „задушиле“ украинските „напади“ во правец на Коренево, Рускоја и Черкаскоја Поречноја, соопшти руското Министерство.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, денеска изјави дека неговата армија ги „зајакнува“ своите позиции во широка офанзива на руска територија, во исто време кога руската армија објави дека ги задушува новите напади на Киев.

Русите, исто така, продолжуваат да гранатираат повеќе области во Украина, особено во источниот регион Донбас каде што имаат предност во однос на побројните украински сили, наведе Бета.

На 6 август, украинската армија ја нападна областа Курск во Русија и зазеде 82 места и 1.150 квадратни километри кон Киев во офанзива што ја изненади Москва и претставува најголема странска воена операција на руска територија од Втората светска војна.


Од истата категорија