Руската Федерална служба за безбедност објави дека го уапсила дописникот на америкнаскиот весник „Волстрит журнал“, Американецот Еван Гершкович под обвинение дека шпиониорал за Вашингтон.
Апсењето е извршено утрово во Екатеринбург. Од ФСБ наведуваат дека Гершкович роден 1991 година по инструкции на американската влада, собирал тајни информации за воена фабрика, но без да го наведат името на фабриката, ниту пак каде се наоѓа.
Дописникот кој покрива вести од Русија и Украина може да се соочи со затвор од 10 до 20 години доколку биде обвинет за шпионажа. Волстрит журнал објави дека приведувањето на Гершкович се заснова на лажни наводи и бара негово ослободување.
Последниот извештај на Гершкович од Москва, кој е објавен во текот на оваа недела, беше фокусиран на забавување на руската економија поради западните санкции по влегувањето на руските трупи во Украина на 24 февруари минатата година.